Ford има фантастично решение кое ќе спречи кражба на тркалата од автомобилите

- Advertisement -

Од Ford велат дека безбедноста на самите автомобили е се поголема затоа што крадците не ги крадат целите автомобилите, туку ги крадат нивните делови како тркалата. Еден од начините за заштита на тркалата е заклучување на тркалата, но ниту тоа не е совршено решение затоа што крадците можат да ја пробијат и таквата заштита и да ги украдат тркалата.

Екипа од Ford смисли прилично интересно и посебно решение благодарение на кое тркалата ќе останат на своето место дури и ако решат да ги украдат и најупорните крадци. Имено, се користат посебни матици за заклучување кои се уникатни за секој корисник, а тие како и клучот за нивно отклучување се базирани на гласот на сопствениците на автомобили и се испечатени со 3Д принтер од нерѓосувачки челик во еден дел, а потоа се одвоени. Тоа го оневозможува копирањето и клонирањето на клучот, кој е достапен само за сопственикот на возилото.

- Advertisement -

Во дизајнот и печатењето на клучот и матицата не мора да се користат исклучиво звучни записи, туку и некој специфичен дизајн, иницијалите на сопствениците на возила итн.

Принципот на кој се изработуваат е следниот. Инженерите прво го снимаат гласот на сопственикот во траење не пократко од една секунда. Потоа посебен софтвер го конвертира звучниот запис во физички образец кој може да се испечати и да се користи како дизајн за заклучување и како нивен клуч.

- Advertisement -

Благодарение на 3Д печатењето овозможена е поголема безбедност и персонализација на возилата. Тоа е и доказ дека 3Д печатењето во иднина ќе се користи во производството на автомобили, велат од Ford.

Сподели!
- Advertisement -