Откриен нов начин кој ќе овозможи да видиме како изгледаат егзопланетите

- Advertisement -

Планетите надвор од Сончевиот систем визуелно не се толку интересни. Тоолку не се интересни затоа што можеме да ги видиме само благодарение на рефлектирањето на зраците на нивните ѕвезди од нивната површина. Дури и во тој случај најдобро што можеме да видиме е една точка која само ја означува нивната положба. За да може подобро да се видат би била потребна огромна леќа со димензии поголеми од нашата Земја која би ја фокусирала светлината.

За среќа, веќе постојат такви леќи со вселенски размери. Благодарение на начинот на кој масата навлегува во ткивото на вселената, тешките предмети како нашата Земја може да послужат како телескопи со вселенски размери.И не станува збор само за теорија туку тоа е демонстрирано пред повеќе од еден век и оттогаш се користи за поместување на границите колку далеку во вселената можеме да гледаме.

- Advertisement -

Но, користењето на масата на нашата ѕвезда за откривање деликатни промени во бојата и површината на егзопланетите е сосема друга приказна. Во 2020 година физичарот Слава Туришев од Калифорнискиот институт за технологија предложи техника со која би се скенирале светлата околу планетите за да се добие еден вид на слика.

За тоа да се постигне би било потребно вселенско летало кое би можело да покрие огромна површина од вселената, нешто што би ги пометило границите на материјалите, горивата и брзината на вселенската технологија со која располагаме моментално.

- Advertisement -

Двајца физичари од Универзитетот Стенфорд во САД сега предложија нова метода за користење на сончевата маса која ја изобличува вселената, како налин за фокусирање на слабата светлина од егзопланетите во слика која има смисла. Нивната метода се базира на испраќање вселенско летало со големина на телескопот Hubble во замрзнатите предели од нашиот Сончев систем, а алгоритам за ткаење на светлината која се насочува во прстенот околу Сонцето има потреба од само една снимка од светлината за да направи јасна слика.

За да ја тестираат идејата истражувачите користеле временски сателитски податоци за Земјата, симулирајќи ја како размачкаn дел од светлина познат како Анјштајнов прстен. Нивниот алгоритам успешно ја дешифрирал исобличената слика и направил јасно препознатлива форма. Во теорија, процесот би можел да прави слики од оддалечени објекти со 1.000 пати поголема прецизност од што било друго.

- Advertisement -

Моментално сондата Voyager 1 е најоддалечениот објект кој навлегол во ладната темница на надворешниот Сончев систем. Таа е лансирана во 1977 година и оттогаш има поминато неверојатни 23 милијарди километри. Тоа е 156 пати повеќе отколку растојанието меѓу Земјата и Сонцето.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -