По прв пат во 50-години годишниот собир на светскиот економски форум во швајцарскиот ресорт Давос се одржува во време на голема војна во Европа. Но, тоа не е единствената работа по која се разликува годинашниот Давос. По прв пат собирот се случува напролет наместо на почетокот на јануари.
Годишниот собир на богатата и најмоќна елита поради поради пандемијата на корона вирусот се одржуваше виртуелно и сега се враќа во својата физичка форма во време кога светот се плаши од војната во Украина и повторното ширење на корона вирусот во Кина.
„Враќањето на војната во Европа, епидемијата и климатската криза, сите тие дисруптивни сили ја разнишаа глобалната економија. Тие прашања мора да се дискутираат во Давос. Особено глобалната криза за храна, која е најитно прашање“ рече претседателот на Давос на отворањето.
Над 2.500 учесници се оечекува да бидат дел од 5-дневната конференција која почна вчера. На форумот ќе бидат присутни и над 50 шефови на држави и влади. Меѓу нив се гемранскиот канцелар Олаф Шлц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, генералниот секретар на НАТО Јенс Стротенберг, претседателот на Руанда Пол Кагаме и колумбискиот лидер Иван Дуке.
Се очекува војната во Украина да биде главната тема на годинашниот форум во Давос, а најверојатно таму ќе биде пристуна и најголема делегација од Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да има виртуелно обраќање на форумот.
(Deutsche Welle)
(фото: WEF)