Хеликоптерот Ingenuity на НАСА ја испрати првата фотографија во боја од Марс

- Advertisement -

Малиот хеликоптер Ingenuity, кој во склоп на мисијата Perseverance го направи својот прв историски лет на Марс продолжува да ги одушевува научниците. Во текот на својот прв лет, кој траеше 40 секунди, успеа да ја направи и првата фотографија од површината на Марс во боја направена од воздух и ја испрати на научниците.

Во моментот на снимање на фотографијата Ingenuity лебди на висина од 5,2 метри и се спрема за лет напред. Затоа успеал да ја фати и својата сенка и траги од роверот на површината на Марс.

- Advertisement -

Од НАСА велат дека со оваа фотографија покажале колку ваквиот начин на прегледување на теренот е потенцијално битен за идните истражувања и мисии затоа што на научниците им овозможува полесно да го извидуваат теренот и да го планираат движењето на роботските мисии. Тоа е особено битно кога станува збор за терен кој се состои од комбинација од остар камен и песок, кои може да бидат проблематични за движење на возилата.

(NASA)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -