Сеавус Code Talks посветен на .Net ќе се одржи на 31 мај во Крагуевац

- Advertisement -

Меѓународната компанија за развој на софтвер, Сеавус, дел од групацијата Арикома, го најавува CodeTalks настанот, што ќе се одржи на 31 мај во Крагуевац, со почеток во 17.30 часот. Хибридниот настан на англиски јазик ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на .Net технологиите.

.Net е бесплатна, open-source и cross-платформа зa девелопери за развивање на различни типови на апликации. Платформата .Net овозможува користење на повеќе јазици, едитори и библиотеки за создавање на веб, мобилни и десктоп апликации, игри и IoT.

- Advertisement -

Говорник на панелот ќе биде експертот на Сеавус, Милош Славиќ – Technical lead во Microsoft дивизијата, кој има осумгодишно искуство во развој на софтвер. Славиќ воглавно се фокусира на архитектурата и развојот на дистрибуирани backend системи со повремено вклучување во активностите на DevOps. Милош Савиќ во своето излагање насловено “gRPC со Service Mesh инфраструктура”, ќе се осврне на модерната комуникациска рамка gRPC, што може да се користи со многу програмски јазици, но носи и одредени предизвици. Тој ќе ја објасни имплементацијата на gRPC услугите, основите на Service Mesh инфраструктурата и како тие меѓусебно се надополнуваат.

Во вториот дел од CodeTalks настанот во Крагуевац ќе се одржи TheLionTalk панелот, на кој ќе учествуваат Славиќ и гости учесници, а ќе имаат можност и да одговараат на прашања од публиката.

- Advertisement -

Резервирајте го вашето место денес и искористете ја оваа одлична можност да научите нови работи, да ги подобрите своите вештини и да добиете одговор на сите прашања во врска со развојот на .Net технологиите.

Seavus® е компанија за развој на софтвер и консултантски услуги со докажано искуство во успешни деловни софтверски решенија. Компанијата има над 850 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европските и американските пазари преку неколку канцеларии и претставништва низ целиот свет. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS / OSS, CRM, CEM, Business Intelligence solutions, ALM, Embedded programming, business и consumer производи, мобилни апликации и gaming решенија, Managed Services, како и консултации и развој на апликации на барање на клиентите. Портфолиото се состои од голем број клиенти, вклучително и глобални телекомуникациски оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации во банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.

Сподели!
- Advertisement -