„Сказните на Биби“ ќе ги гледаат и децата во Хрватска!

- Advertisement -

„Сказните на Биби“, најпопуларниот цртан филм што ги освои најмладите во цела Македонија, наскоро ќе почне да се емитува и во Хрватска.

Хрватската телевизија „Нова“ од Пула ги откупи правата за емитување на 26 епизоди од „Сказните на Биби“. Сказните ќе бидат синхронизирани на истриотски јазик. Ова е прва македонска анимирана серија што ќе се емитува на некоја телевизија надвор од границите на Македонија.

- Advertisement -

Договорот е потпишан на 5 години преку британскиот дистрибутер „Видеоплагер“, кој ги има правата за дистрибуција на цртаните филмови „Сказните на Биби“.

Интерес за најпопуларниот македонски цртан филм покажуваат и други европски телевизии.

Сподели!
- Advertisement -