„Границата за одење во пензија мора да се зголеми“ изјави неодамна економистот Гунтер Шнабл од Универзитетот во Лајпциг. Со предлогот да се оди во пензија на 70 години Шнабл ја распламти дебатата во Германија.
Имено, после многу дебати, во земјата старосната граница за одење во пензија до 2029 година постепено ќе се подига од 65 на 67 години. Кој ќе појде во пензија порано не треба да смета на целосен износ на пензијата.
Шнабл го поддржува својот аргумент со растот на цените и стотиците илјади празни работни места. Германија допрва ќе има проблем кога цела една генерација на бејби бумери ќе појде во пензија. Со тоа мисли на луѓето родени во време на нагли скок на наталитетот помеѓу Втората светска војна и шеесетите години.
Тука е и извештајот на Министерството за труд и социјална грижа, во кој се смета дека нивото на пензиите сериозно ќе падне до 2035 година. Имен, моментално според законот, просечната пензија мора да изнесува најмалку 48% од просечната заработка во земјата, но во триесеттите години од овој век мора да падне на 45,8%.
Причината е едноставна – општеството е се постаро и се поголем е процентот на пензионери во него. Така, во 2020 година имало 25,84 милиони пензионери, што е дури 6,5 милиони повеќе отколку после повторното обединување на двете Германии.
(Deutsche Welle)
(фото: Pxfuel)