СН Финансии, партнер на успешно завршениот Longest Pitch Marathon во Скопје

- Advertisement -

Со голема радост споделуваме дека по 30 непрекинати часа активна работа и презентација на 90 бизнис идеи, кои се натпреваруваа за добивање инвестиции во износ од 25.000 евра, Гиниовиот рекорд е срушен викендов во Скопје.

Pушењето на Гинисов рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори ја започна Ричард Бренсон, а ние во Македонија ја продолжуваме со овој настан на кој се претставија над 90 бизнис идеи пред шест члена комисија, во која беше и нашиот генерален директор Никола Јошевски, каде најдобрите 5 бизнис идеи добија финансирање во износ од 25.000 евра за реализација на истите.

- Advertisement -

СН финансии, како еден од партнерите на Longest Pitch Marathon, во организација на Networker им честита на сите учесници за напорната работа и вложениот труд за овој проект да влезе во книгата на славните, за што заслужни беа повеќе од 200 учесници.

“Ние најдобро знаеме што значи старт и поттик на старт. Оттука и одлуката да влеземе како поддршка во овој проект за сите млади таленти и сите добри бизнис идеи да бидат видени и да добијат шанса да бидат реализирани. Ние сме првата Финтек комапнија формирана пред пет години од домашен капитал и точно знаеме кој ни помагаше нам на стартот. Сакаме да бидеме запаметени како комапнија која гледа кон растот на младите луѓе и нивните идеи и заедно да градиме подобра иднина.

- Advertisement -

Ready, set….get your ticket to huge success!

Вака би го објаснил чувството кое владееше од подготовките до финишот на овој неверојатен настан кој ќе остане запишан во стартап историјата на пионерите во сферата на бизнисите на новото време во нашата Македонија.

- Advertisement -

Високо профилиран настан, светски настан….сѐ уште ги собирам впечатоците и таа неверојатна енергија која ќе не држи уште долго.

Чест ми беше што се најдов во овој збир на луѓе кои цврсто гледаат кон иднината”- изјави Јошевски по завршувањето на 30 часовниот настан.

Пионерски инвеститори што решија да инвестираат во 5-те победници се неколку македонски компании и индивидуални донатори, а организатор беше Нетворкер.

Вака се споделува визија за подобар свет на млади иноватори.

Сподели!
- Advertisement -