Долго одложуваната руска мисија на Месечината, Luna-25 ќе биде лансирана во септември годинава. Новиот рок за лансирање на Luna-25 го потврди шефот на руската национална вселенска агенција Роскосмос, Дмитри Рогозин.
„Се надевам дека сите тестови ќе бидат успешни и дека на крајот на септември ќе го лансираме лендерот“ изјави Рогозин.
Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на продожлувањето на руската лунарна програма. Тој рече дека U aprilu je ruski санкциите кои Западот ги воведе за Русија поради инвазијата на Украина нема да и попречат на напорите на Русија да ја истражува вселената.
„И покрај сите тешкотии и обиди на надворешните влијанија ние дефинитивно ќе ги имплементираме нашите планови“ изјави Путин.
Кратко потоа Европската вселенска агенција соопшти дека ја прекинува соработката со Роскосмос на марсовските и лунарните експедиции, а причината е нападот на Русија врз Украина.
Лендерот Luna-25 ќе понесе околу 30 кг научна опрема, а има и роботска рака и бушилица. Неговата задача ќе биде да направи различни експерименти и да собере примероци. Планираната дестинација на сондата е јужниот поларен регион на Месечината во близина на кратерот Богуславски.
Ова ќе биде првата руската лунарна сонда во постсоветската историја. Истражувањето на Месечината го започна советската сонда Luna-2 уште во 1959 година, но слични мисии нема речиси пет децении. Последната мисија Luna-24 е лансирана во 1976 година.
(Klix.ba)
(фото: Pexels)