Работилница за визуелно раскажување приказни

- Advertisement -

Работилницата за визуелно раскажување приказни(visual storytelling) е наменета за сите идни графички дизајнери, маркетери и оние кои се занимаваат со дигиталниот маркетинг. Таа е одлична можност за сите заинтересирани низ интеракција да се запознаат со процесот на градење визуелен идентитет на еден бренд.

Денешниот човек информациите во најголем процент ги прима визуелно. Полето за визуелно изразување е бескрајно, но важни се петте минути кои креативците треба да ги препознаат и максимално да ги искористат. Тоа е пресудно и за креативниот и за комерцијалниот исход на секое решение – велат организаторите од Центарот за визуелна комуникација Ефектива од Скопје.

- Advertisement -

Работилницата го опфаќа процесот на креирање визуелната приказна на еден бренд низ илустрација, графика, фотографија, видео и слично. Учесниците ќе имаат можност и самите да развијат идеја или да предложат одредено решение за даден бренд. Работилницата е бесплатна, а пријавувањето е на следниов линк.

Едукатори: Софија Семенпеева Трајановска, Кристијан Јованоски и Емилија Ќипроска од Ефектива. 

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -