Во Кина живее над 1/6 од светската популација. Сепак, после децении раст на кинеската популација од 660 милиони на 1,4 милијарди луѓе, бројот на Кинези годинава ќе се намали по прв пат од големиот глад од 1959 до 1961 година.
Според последните бројкит на кинеското Национално биро за статистика, кинеската популација во 2021 година пораснала од 1,41212 милијарди на само 1,41260 милијарди луѓе, што е рекордно ниска бројка од само 480.000 луше и незначителен процент од некогашниот годишен пристаст од 8 или повеќе милиони луѓе.
Поради строгите мерки и пандемијата на КОВИД-19 луѓето не сакаат да имаат деца, но тоа е само капката која ја прелеа чашата. Кинеската вкупна стапка на прираст била 2.6 во 1980-тите години, што е доста над потребните 2.1 за да се надомести бројот на починати. Но, од 1994 година таа стапка беше меѓу 1.6 и 1.7, а во 2020 година падна на 1.3, а во 2021 на само 1.15.
За споредба, во Австралија и во САД стапката е 1.6. Ова се случува и покрај тоа што уште во 2016 година Кина го укина законот за само едно дете по семејство и дозволи максимум три деца по семејство.
Има различни теории зошто кинеските жени не сакаат да имаат деца. Едната е дека се навикнале на мали семејства, другата дека се мажат подоцна, што значи дека не сакаат да имаат деца. Освен тоа, во Кина има малку жени кои се во плодни години. Бидејќи биле ограничени на само едно дете по семејство, многу парови имале само машко дете, па затоа во Кина има сооднос од 106 момчиња за секои 100 девојчиња.
Брзиот пад на прирастот ќе се одрази врз кинеската економија. Работната популација во Кина го достигна врвот во 2014 година, а се очекува да падне на само 1/3 од таа бројка до 2100 година. Населението ќе старее и ќе стане побројно од работоспособното население до 2080 година.
Што ќе значи тоа за остатокот од светот? Ќе се зголемат трошоците за труд, понитензивните производствени процеси ќе се аутсорсираат надвор од Кина во земји како Виетнам, Бангладеш и Индија. Истовремено, Кина ќе мора да пренасочи голем дел од своите пари за здравствени, медицински услуги и нега за стари лица.
За земјите кои извезуваат ресурси како Австралија тие промени значат дека ќе мора да се преориентираат на производители надвор од Кина. За увозниците на стока како САД тоа значи дека ќе мора да бараат други производители освен Кина.
И покрај предвидувањата дека ова столетие ќе го одбележи успехот на Кина, овие проекции за популацијата говорат дека векот можеби ќе го одбележи Индија, чија популација ќе ја надмине кинеската во текот на наредната деценија.
(Interesting Engineering)