НАСА откри мрежа од тунели на Месечината

- Advertisement -

Американската вселенска агенција (НАСА) открила тунели кои водат длабоко под површината на Месечината, за кои се проценува дека може да бидат идеални за нова лунарна база. Се работи за тунели кои настанале многу одамна од лава.

Со оглед на нивната големина, облик, осветлување и геолошко окружување, станува збор за добри кандидати за лунарна база“, изјави директорот на истражувањето, доктор Пакал Ли.

- Advertisement -

До откритието научниците дошле разгледувајќи ги снимките од површината на месечината, на кои се гледаат дупки. Утврдиле дека тие дупки се всушност отвори на тунели, кои настанале, најверојатно, додека на Месечината имало вулканска активност.

Околу екваторот на Месечината откриени се околу 200 слични отвори, а новите се откриени на Северниот пол. Во НАСА сметаат дека некои од тунелите се доволно длабоки за да може да имаат и замрзната вода, што во би било олеснување за идните мисии на Месечината.

- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп на крајот на минатата година потпиша указ со кој им нареди на НАСА да испратат тим астронаути на површината на Месечината.

– Наш следен чекор би требало да бидат дополнителни истражувања, за да се утврди како може да се влезе во овие дупки и дали во нив има мраз, заклучи доктор Ли.

Сподели!
- Advertisement -