- Advertisement -

Купување на стан и во услови кога цените на квадратот скокаат како и каматите на кредитите засега е најсигурна инвестиција за македонските граѓани. Ова го покажува анализата на консултантската компанија за комерцијални недвижности ФОРТОН.

Просечната цена метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години е зголемена за 20 отсто а во моментов варира во зависност од локацијата и општината од 1.000 до 1.800 евра за квадрат. Најефтинно е во Ѓорче Петров а најскапо во Центар и Карпош.

- Advertisement -

Поскапувањето на цената се должи за зголемениот трошок при изградба, а експертите сметаат дека е мала веројатноста цената на квадратот да продолжи драстично да расте но и да се намали.

Во последните три години, во Скопје се издадени дозволи за 7.682 станбени единици од кои дури 65 отсто се во општините Карпош и Аеродром.

- Advertisement -

Минатата година речиси двојно е зголемен бројот на издадени дозволи за градба на станови во Скопје. Изградени се 7.894 стана, непродадени останаа 3.500.

Најголем број дозволи а со тоа и изградени станови се во Гази Баба 2.241 а потоа следи Аеродром каде лани се изградени 1.441 нов стан.

- Advertisement -

Анализата покажува дека деловите од Скопје кои порано беа перцепирани како индустриски области сега забврзано се урбанизираат додека индустријатa се сели надвор од границите на градот.

Граѓаните минатата година подигнале 3 милијарди евра во кредити од банките а над 15 отсто од нив, односно секој шести бил станбен кредит.

Извор – Телма

Сподели!
- Advertisement -