Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа

- Advertisement -

Британскиот весник Гардијан на својата листа на најубави острови кои се надвор од турсистичкиот радар смести и еден јадрански бисер. На оваа престижна листа се најде Ластово, вистинска рајска оаза опкружена со чисто море.

“Иако е на четири и пол часа возење со траект од Сплит може да изгледа како потфат за љубителите на авантура, но овој најјужен, населен хрватски островтолку се разликува од Сплит што навистина вреди за трудот кој ќе го вложите“, пишува Гардијан.

- Advertisement -

Овде може да поминете време во борови шуми, да видите островски куќи во венецијански стил, да истражувате цркви или да пливате во кристално чистото море. На островот има само еден хотел и неколку одлични ресторани кои нудат домашна храна и морски специјалитети.

Ластово во 2006 година бил прогласен за парк на природата.

- Advertisement -

На оваа листа се наоѓаат и овие острови:

Поркело, Франција

- Advertisement -

Табарка, Шпанија

Бозџада, Турција

Ла Грасиоса, Канарски острови

Сирос, Грција

Кабрера, Шпанија

Тинос, Грција

Иле де Бац, Франција

Филицуди, Сицилија

Сподели!
- Advertisement -