Хрватскиот град Хвар воведе нови казни за туристите

- Advertisement -

„Спиењето на јавна површина ќе ве чини повеќе отколку тоа што сте платиле за хотелско сместување“ се вели во објавата на Градот Хвар. Поради негативните искуства со поединци, кои објективно го нарушуваа угледот на градот, овој град се одлучи на строги казни за да ги „превоспита“ туристите.

Имено, ако сте турист во Хвар и ве фатат комуналните работници дека спиете на јавна површина, предвидената казна е 400 евра. Шетањето по улиците на градот во костим за капење ќе ве чини 500 евра, а ако ве фатат како пиете алкохол на јавни површини, казната што следува е 700 евра.

Сподели!
- Advertisement -