Меѓународната компанија за кондиторски производи Mars го лансираше своето прво еко-чоколатце, брендирано како CO2COA.
Какаото искористено за производство на чоколатцето доаѓа од „одржливи извори“, сертифицирано од страна на организацијата Rainforest Alliance.
Ова какао е потоа комбинирано со неживотинско „млеко“, кое доаѓа од американскиот стартап Perfect Day. Компанијата успеала лабораториски да реплицира млечни протеини, сосем блиски на природното нешто, давајќи му на чоколатцето ист вкус и текстура како да било произведено со кравјо млеко.
За разлика од обичните млечни чоколади, CO2COA не содржи лактоза и холестерол. Но, иако чоколатцето е веганско, молекуларната сличност до природното млеко значи дека сепак содржи одредени млечни алергени.
Од Mars посочуваат дека производството на новата еко-чоколада користи помалку од 1% вода во однос на нормалните млечни производи и создава до 97% помалку емисии на стаклечнички гасови, пред сé јагледорден диоксид (CO2). Дополнително, секое чоколатце е завиткано во хартиено пакување.
„CO2COA е уште еден пример како Mars продолжува да мисли и делува различно за да помогне во создавањето на светот кој го посакуваме утре“ – истакна Алисер Чајлд, генерален директор за одржливост во Mars.
Дополнително, компанијата планира да достигне 0% емисии на стакленички гасови, по целиот свој синџир на вредност, до 2050 година.
Новото еко-чоколатце CO2COA ќе биде достапно за нарачка онлајн, засега само на територијата на САД, по цена од 2.39 долари по парче.
Извор – Маркетинг 365