Овие градови ви плаќаат за да се доселите таму

- Advertisement -

Различни градови на различни места во светот имаат различни причини и начини да ги привлечат луѓето да се доселуваат таму. Или, едноставно, да ги усреќат тие што веќе живеат таму. Еве неколку градови од светот кои плаќаат одредена сума на новите доселеници.

Нијагара Фолс, САД

- Advertisement -

За во својот град да привлечат да се доселуваат млади луѓе градските власти нудат отплата на до 7.000 долари студенстки кредит на секој млад дипломиран човек кој ќе се досели таму. Станува збор за град кој моментално има 48.000 жители, а какви проблеми има со бројот на жители може да се види ако се анализираат статистиките.

Понга, Шпанија

- Advertisement -

Паровите кои ќе се доселат овде од локалните власти ќе добијат 3.200 долари кои можатд а ги потрошат како што сакаат. Ова место во покраината Астурија некогаш можело да се нарече гратче, а денес таму живеат нешто повеќе од 600 луѓе. Во индустрија работи само еден жител на Понга, додека во градежништво само седуммина.

Детроит, САД

- Advertisement -

Овој град ја стартуваше програмата Challenge Detroit, со која нуди 2.500 долари на работно способните луѓе кои сакаат да се преселат во градот. Најнаселениот град во државата Мичиген денес има 670.000 жители. Проблемот лежи во фактот дека градот до неодамна беше центар на автомобилската индустрија и многу други индустрии и до 2000 година имаше 950.000 жители.

Кејп Бретон, Канада

Навистина има смисла да се отселите овде. Станува збор за остров во државата Нова Шкотска, на северозадапниот дел од Атлантскиот Океан. На островот живеат 132.000 луѓе, од кои во истоимениот округ има околу 100.000. Но, сакаат да дојдат уште повеќе луѓе да живеат таму и им нудат работа и имот на сите кои ќе се доселат на островот.

Мијакеџима, Јапонија

На овој остров има постојана закана од гасовите од сулфур, па жителите и туристите мора постојано да носат гас-маски додека се таму. Локалната влада нуди привлечни субвенции за луѓето кои ќе прифатат да бидат анализирани од научници за ефектите на сулфурот врз човечкото тело.

Утрехт, Холандија

Во овој град се врши експеримент за продуктивноста на луѓето кои примаат парични средства брз да работат ништо. Учесниците ќе добијат месечен износ од 1.000 долари и ќе се истражува дали тие луѓе ќе продолжат со ист интерес да одат на работа и покрај тоа што имаат солидна финансиска состојба.

Саскачуан, Канада

Со цел да се заживее економијата земјата на дипломците им нуди 20.000 канадски долари да доојдат и да живеат таму најмалку 7 години. Ова е одлична можност доколку некој бара нови алтернативи.

Сподели!
- Advertisement -