Водена батерија од 900 MW која Швајцарија ја чинеше 2 милијарди евра и се градеше цели 14 години сега конечно проработе. Батеријата се наоѓа на длабочина од 600 метри во швајцарските Алпи
Светот се повеќе се фокусира на обновлива енергија и има потреба за складирање на таа енергија, која се произведува постојано без оглед на периодот од денот или ноќта. Додека батериите со голема густина се едно решение за тој проблем, за производство на тие уреди се потребни никел, кобалт и литуум, кои мора да се ископуваат и не се еколошки.
Научници ширум светот експериментираат со други идеи за складирање, како користење на јаглерод диоксид, но додека тие се во експериментална фаза, водената батерија веќе профункционира. Една водена батерија се состои од два големи базени лоцирани на различна висина. Кога има големо производство на енергија, вишокот енергија се користи за префрлање на водата од понискиот базен во повисокиот, што е слично на полнењето на конвенционалните батерии.
Кога ќе се намали побарувачката за енергија, водата во повисокиот базен може да се испушти и додека се движи во понискиот базен, поминува низ турбини кои генерираат електрицитет, кој може да се пушти во електричната мрежа.
Концептот можеби звучи нов, но со векови се користи во Швајцарија. САД исто така го користи овој метод веќе еден век, додека Кина неодамна одлучи да изград водена батерија со капацитет од 270 GW, која треба да е готова до 2025 година.
Водената батерија која продаботе во Швајцарија има капацитет за складирање од 20 милиони киловат-часови, што е еднакво на 400.000 електрични автомобили и има за задача да ја стабилизира електричната мрежа во Швајцарија и во руги поврзани мрежи во Европа.
Батеријата е изградена помеѓу резервоарите Емосон и Стар Емосон во Вале, кантон на југозападниот дел на Швајцарија. За да ги пренесуваат материјалите инженерите прво морале да ископаат тунели низ Алпите. Должината на тунелите ископани за реализација на проектот е околу 18 км, а за тоа им биле потребни дури 14 години.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)