Токио е прогласен за најбезбеден град во светот

- Advertisement -

Токио е прогласен за најбезбеден град во светот според способноста на градовите да се соочуваат со сите видови проблеми – од климатските катастрофи до сајбер нападите. Сингапур се најде на втората позиција на листата, а Осака, уште еден јапонски град, е на третата позиција. Овие три градови се најдоана врвот на листата со најбезбедни градови и во 2015 и во 2017 година.
Годинашниот индекс вклучува 60 градови и фокусот е ставен на концептот „урбана отпорност“, односно способноста на градовите да апсорбираат шокови и да се опорават. Со индексот се оценуваат четири видови безбедност: дигитална заштита, инфраструктура, здравство и лична безбедност.
Азиско-пацисичкиот регион доминира во првите десет позиции на листата со дури шест градови, вклучувајќи го и Сиднеј на петтото место, Сеул на осмото и Мелбурн на десеттото место. Во првите десет се најдоа и по два града од Европа и од Северна Америка. Имено, Амстердам е на четврто место, Копенхаген на осмо, а од Америка тука се Торонто на шесто место и Вашингтон на седмо.
Овие градови добија високи оценки за пристапот до квалитетна здравствена заштита, специјални тимови за сајбер безбедност, полициски патроли приентирани на локалната заедница и добро планирање во случај на катастрофа.

Сподели!
- Advertisement -