Nike ги претстави своите виртуелни патики

- Advertisement -

За да се прилагодат на новото време во кое доминираат поимите како NFT и мета универзум, Nike минатата година ја презеде компанијата RTFKT, која исто така произведува патики, но само за користење во виртуелен свет. Благодарение на таа аквизиција минатиот месец Nike ја претстави својата прва колекција виртуелни патики Nike Dunk Genesis Cryptokicks, која се состои од дури 20.000 модели.

Тие што не го следат NFT пазарот не се запознаени со цифрите по кои се продаваат дигиталните содрини и веројатно ќе останат шокирани од цените по кои се продаваат патиките. Имено, на онлајн продавницата OpenSea корисниците за такви патики плаќаат од 4.000 до 9.000 долари, но за некои модели има многу поголема побарувачка и корисниците се спремни да платат неверојатни суми за патики кои никогаш нема да можат да ги обујат.

- Advertisement -

Овие виртуелни патики се дел од лимитирана серија и се наменети за колекционери, а меѓу достапните модели посебно се издвојуваат моделите на виртуелниот уметник Такаши Мураками. Во колекцијата на Nike се достапни 98 модели такви патики, а колку се популарни најдобро зборува сумата за која е продаден еден таков дигитален модел – анонимен купувач платил над 130.000 долари.

Досега се продадени над 9.000 виртуелни патики, а со оглед на големата побарувачка, изгледа дека наскоро ќе биде распродадена целата колекција.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Open Sea)

Сподели!
- Advertisement -