Делегација на Сојузот на стопански комори составена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателот Орце Симов и членот на Управен одбор Сашо Дуковски, учествуваше на промотивна конференција на иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ која се одржа во Бања Лука во организација на Владата на Република Српска, Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка и Гарантниот фонд на Република Српска.
Ангелоски истакна дека ситуацијата со растот на цената на електричната енергија е многу сериозна и дека генерално секој треба да размислува како да ја намали потрошувачката.
„ Иницијативата „Зелен навигатор“ е значајна бидејќи обезбедува поддршка преку трансфер на знаење и искуство на реалниот сектор за побрза зелена транзиција како и финансиска поддршка што е неопходна забрзување на процесот. Во Северна Македонија веќе е започнато поставување на фотоволтаични централа со големина на средна хидроцентрала. Сите треба да се потрудиме да ја цениме и заштедиме енергијата, да придонесеме за нејзино производство и да користиме што повеќе обновливи извори на енергија“, рече Ангелоски.
Европската Унија до 2030 година ќе одвои 30 милијарди долари за земјите од Западен Балкан за трансформација кон климатски неутрална економија, а една од мерките е заштеда и искористување на обновливите извори на енергија. „Зелен Навигатор“ преку партнерство со водечки меѓународни организации и експерти може да им помогне на деловните субјекти да ги искористат расположливите средства и да се трансформираат во согласност со важечките прописи. Компаниите преку оваа трансформација треба да ја намалат емисијата на штетни гасови за да се зачува животната средина и да се обезбеди одржлива економија. „Зелен навигатор“ е во преговори со одредени банки со намера да обезбедат кредитни линии за да можат компаниите да пристапат кон трансформацијата кон одржлива економија што е можно поевтино и поефикасно.
На настанот се обратија и Златан Клокиќ, министер за евроинтеграции и меѓународна соработка на Република Српска, Златан Клокиќ, министер за евроинтеграции и меѓународна соработка на Република Српска и Радивоје Крчмар, директор на Гарантниот фонд на Република Српска.
Деловното здружение „Зелен навигатор на Западен Балкан“ е основано од Фондот за развој на Војводина, Гарантниот фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска во март годинава, а претседателот на Сојузот, Ангелоски е член на Управен одбор. Цел на иницијативата е да активно учество во намалувањето на негативните влијанија на климатските промени и обезбедување техничка и финансиска поддршка за трансформација на регионалната економија и насочување на јавниот и приватниот сектор кон климатски неутрална економија.