Во продажба е пуштена таблета против мамурлак

- Advertisement -

Нов додаток во исхраната, за кој неговиот производител тврди дека штити од мамурла, пуштен е во продажба во Велика Британија. Шведската компанија Myrkl производот го рекламира како таблета која се пие пред консумирање алкохол и која навистина делува.

Наводно, таблетата разградува 70% од алкохолот после 60 минути. Тоа значи дека ако немој испие 50мл 40% алкохол, кој содржи 20 мл чист алкохол, во крвотокот ќе има само 6 мл алкохол.

- Advertisement -

Тоа намалување на количината алкохол која телото ја апсорбира се забележува во намалувањето на краткорочните ефекти на алкохолот, како што се еуфоријата и гадењето. Компанијата која ја произведува таблетата препорачува да се испијат две таблети 1-12 часа пред да се консумира алкохол.

Пробиотскиот додаток во таблетата содр7и две бактерии кои се погодни за цревата, бацилус субтилис и бацилус коагуланс, произведени од ферментирани оризови галети. Тие бактерии природно го разградуваат алкохолот во вода и јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Обвивката на таблетата е отпорна на киселини и ги штити добрите бактерии од природните киселини во желудникот за да можат да стигнат до цревата, каде што се апсобрира најголем дел од алкохолот во крвотокот.

(The Conversation)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -