Телескопот James Webb на НАСА ги направи досега најпрецизните фотографии од најдлабоката вселена досега. Позната како Webb’s First Deep Field, оваа фотографија од кластерот SMACS 0723 е преполна со детали.
Илјадници галаксии – вклучувајќи ги и најдаленчните објекти кои се забелеуваат со инфрацрвени зраци – по прв пат се појавија во видикот на Webb. Овој мал дел од енормниот универзум покрива дел од небото кој е како мало зрно песок кој го држиш во рака во споредба со остатокот од универзумот.
Фотографијата која ја објавија е композит од фотографи направени на различни бранови должини во период од вкупно 12,5 часа. На фотографијата се гледа кластерот SMACS 0723 каков што бил пред 4,6 милијарди години. Комбинираната маса од таа галаксија функционира како гравитациска леќа и ги зголемува многу подалечните галаксии зад неа.
NIRCam камерата на Webb ги донесе тие далечни галаксии во фокусот на телескопот и покажа мали, деликатни структури кои не беа видени никогаш претходно, меѓу кои и кластери од ѕвезди. Истражувачите наскоро ќе можат да дознаат повеќе за масите на галаксиите, староста, историјата и нивниот состав.
(NASA)
(фото: NASA)