Вакцината против јужноафриканската варијанта на корона вирусот е спремна за тестирање

- Advertisement -

Американската ботехнолошка компанија Moderna во средата соопшти дека ги изменила можностите на нејзината вакцина против корона вирусот со цел да ја прилагоди за јужноафрикансјата варијанта на вирусот и сега таа вакцина е спремна за тестирање на луѓе во рамките на клинички испитувања.

Moderna ги испрати тие дози од својот кандидат за вакцина против сојот на вирусот откриен во Јужноафриканката Република до американскиот Национален здравствен институт на клинички испитувања.

- Advertisement -

Во нашата борба со КОВИД-19 мора да бидеме и проактивни во врска со новите соеви на САСРС-КоВ-2 кои се појавуваат, велат од Modernа. Компанијата се обврзува дека ќе произведува толку модификации на вакцината колку што ќе бидат потребни се додека не биде ставена под контрола пандемијата.

Американската Агенција за храна и лекови соопшти дека производителите нема да мора повторно да го поминуваат долгиот процес на клинички испитувања за модифицираните својства на веќе одобрените вакцини, туку ќе поминат помалку строги тестови, а тоа значително ќе го забрза нивното пласирање на пазарот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -