Brainster и Brainster Next College номинирани за две светски награди за иновативни ИКТ решенија од страна на МАСИТ

- Advertisement -

Технолошки напреднатa организација која обучува кадри за работните места на иднината, Brainster и првиот применет ИТ колеџ во земјава, Brainster Next се номинирани од страна на Стопанската комора на информатички и комуникациски технологии МАСИТ, за две номинации за иновативни ИКТ решенија за претстојните WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022.

- Advertisement -

Овие награди кои ќе се доделуваат во рамки на 26. издание на World Congress on Innovation & Technology – WCIT 2022, годинава ќе се одржат во Малезија од 13-15 септември.

Како што соопшти МАСИТ, изборoт на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологијаза 2021 година, годинава ги предлага решенијата на Brainster и Brainster Next College во следните категории: Digital Opportunity/Inclusion Award и E-education & Learning Award.

- Advertisement -

Етаблираниот лидер во неформалното образование – Brainster, кој преку своите академии, курсеви и обуки во последниве 6 години успешно им помогна на над 10.000 лица да се дообразуваат и преквалификуваат, како и првиот applied tech college Brainster Next– се номинирани во две категории. Првата, во категоријата Digital Opportunity/Inclusion Award е за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, која им овозможува на идните студенти да се запишат на колеџот Brainster Next, а школарината да ја плаќаат откако ќе дипломираат и ќе се вработат.

„Студентите студираат за 0 денари сѐ до нивното дипломирање и вработување, а почнуваат да ја исплаќаат школарината на рати по нивното вработување. Според нашите проекции, во таков случај истата не би изнесувала повеќе од 35% од нивната почетна плата“. Сметаме дека сите треба да имаат пристап до квалитетно образование без разлика на финанските можности“, вели Александар Клашниновски, директор на Brainster Next College, кој додава дека му е драго бидејќи од МАСИТ ја препознале инклузивноста на проектот.

- Advertisement -

Brainster и Brainster Next College се исто така номинирани и во категоријата E-education & Learning Award, за платформата Некст, која e eдинствена отворена платформа во државата која содржи бесплатни курсеви на македонски јазик од областите на компјутерска наука и софтверско инжинерство, data science, графички дизајн и дигитален маркетинг.

WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022, ќе се доделат на 26-то издание на Светскиот конгрес за иновации и технологија во Малезија овој септември. Како еден од најголемите и најпрестижните ИКТ настани во светот, тоа е место на кое се одвиваат бројни дискусии  со визионери, т.н капетани на индустријата, владини лидери, иноватори и академици од над 80 земји.

Настанот го нарекуваат и „Олимпијада на светската индустрија за информатичка технологија“.

Сподели!
- Advertisement -