- Advertisement -
Светското население се предвидува да достигне 8 милијарди на 15- ти ноември 2022 година, се забележува во Предвидувањата за светското население 2022 година што денес, по повод Светскиот ден на населението (11 јули) ги објави Одделот за економски и социјални прашања на Обединетите нации.
Клучните наоди за предвидувањата за светското население што ги обезбедува Фондот за население на Обединетите нации се:
- Се предвидува дека светското население ќе достигне околу 10,4 милијарди луѓе во текот на
2080-тите и ќе остане на тоа ниво до 2100 година.
• Околу 12 години беа потребни за да се зголеми светското население од 7 на 8 милијарди, приближно исто време како од 6 на 7 милијарди. Наредната милијарда се очекува да се достигне за околу 14,5 години (2037). - Половина од 8 милијарди луѓе се резултат на демографската експанзија во Азија. Африка го даде вториот најголем придонес (речиси 400 милиони).
• 10 држави придонесоа за повеќе од половина од растот на населението од 7-та до 8-та милијарда. Индија имаше убедливо најголем прираст, а потоа следат Кина и Нигерија.
• Африка и Азија ќе водат во растот на населението до 9-та милијарда во 2037 година. - Денес, две третини од светската популација живее во држава или област каде што стапката на фертилитет во текот на животниот век е под 2,1 раѓања по жена (познат како заменски фертилитет).
• Глобалниот животен век достигна 72,8 години во 2019 година што е подобрување за речиси 9 години од 1990 година. Но, во 2021 година, очекуваниот животен век за најнеразвиените земји заостануваше 7 години зад глобалниот просек.
• Во многу држави во развој, уделот на работоспособното население (помеѓу 25 и 64 години) се зголемува.
Извор – Радио МОФ
- Advertisement -