Тимот научници кои трансплантираа генетски модифицирано свинско срце во човек годинава направија уште две такви операции, со што е воспоставен протокол за вакфи операции. Во јануари годинава 57-годишниот Дејвид Бенет стана првиот човек на планетата кој доби генетски модифицирано срце од свиња. Пред овие операции беа трансплантирани свински бубрези на пациенти кои имале мозочна смрт.
Срцата ги обезбеди компанијата Revivicor, која користи генетски инженеринг за отстранување на специфични гени кај свињите за да се намали ризикот од отфрлање на трансплантираниот орган и за органот да стане компатибилен со човечкиот имунолошки систем.
После јануари направени се уште две трансплантации на свинско срце – едната во јуни, а другата во јули. Набавката, транспортот и супресијата на имунитетот се направени во склад со моменталните клинички стандарди за трансплантација на срце.
„Нашата цел е да ги интегрираме праксите користени во типични, секојдневни трансплантации на срце, само со нечовечки органи кои нормално ќе функционираат без дополнителна помош од непроверени уреди или лекови“ вели лидерот на истражувањето, Надер Моазами.
И двете операции се направени на пациенти кои доживеале мозочна смрт, а новотрансплантираните срца биле чувани на респиратор 72 часа. Во тој период не биле забележани никакви знаци на одбивање на органите.
(Klix.ba)
(фото: Pexels)