Летачка јахта произведува чист водород среде море

- Advertisement -

Британскиот стартап Drift Energy најави дека ја тестирале нивната прва јахта која произведува чист водород. Тимот тврди дека оваа е првата јахта во светот која генерира зелен водород среде море со помош на ветрот, кој може да се складира.

Тестирањето на јахтата се случило на почетокот на месецов во близина на брегот на Брајтлингси, Есекс. Во текот на тестирањето бродот можел да произведува околу 6 литри чист водород во текот на двочасовното тестирање. Тестот бил толку успешен што енергијата што ја произвела јахтата ги надминала сите очекувања и можела да произведе над 10 пати повеќе гас во споредба со прогнозите.

- Advertisement -

Јахтата е долга околу 5,5 метри, а ја направи компанијата White Formula од Брајтлингси. Компанијата низ историјата има добиено повеќе олимписки златни медали. Може да достигне брзина од 46,3 км/ч, а има подводен пропелер кој движи една турбина и произведува електрицитет. Струјата потоа се користи за поделба на водата на водород и кислород.

Тајната зад ефикасноста на јахтата е новиот алгоритам за вештачка интелигенција кој користи податоци за наоѓање на оптималните временски услови за насочување на бродот среде море. Тој алгоритам може да ги најде т.н. The secret ingredient behind this breakthrough in marine energy production is a new Goldilocks или зони на ветар кој ја максимизира ефикасноста на бродот.

- Advertisement -

Стартапот планира да продолжи со тестирањето среде море и да ја зголеми флотата со бродови кои генерираат енергија. Имаат планови за една година да ја тестираат технологијата на поголеми бродови. Еден брод со големина од околу 40 метри би можел да генерира околу 250.000литри водород на час.

(Inceptive Mind)

- Advertisement -

(фото: Drift)

Сподели!
- Advertisement -