Џиновскиот кинески телескоп ќе има 300 пати поголем опсег од американскиот Hubble

- Advertisement -

Кина ќе ја лансира првата фаза од својата вселенска опсерваторија до Кинеската вселенската станица, која уште се гради, и се очекува да почне со научни истражувања во 2024 година.

Телескопот, наречен Xuntian, Кинески истражувачки вселенски телескоп (СЅЅТ) ќе прави големи вселенски истражувања на небото. За разлика од телескопот James Webb на НАСА, кој штотуку ги објави своите први фотографии од длабоката вселена, Xuntian ќе биде доволно блиску до Земјата за да може да се одржува.

- Advertisement -

James Webb, на пример, е околу 1,5 милиони км од Земјата на Lagrange Point 2, додека CSST ќе орбитира во близина на Кинеската вселенска станица. Се проценува дека ќе има животен век од околу 10 години, кој ќе може да се продолжи.

Xuntian ќе биде голем колку еден автобус и ќе тежи над 10 тони. Наводно, се уште се развива првиот прототип на Xuntian. Ќе биде составен од пет апарати за опсервација, вклучувајќи ги модулот Xuntian, терахерц модулот, мултиканален модул, интегрален спектрограф и екстрасоларен планетарен коронограф.

- Advertisement -

Најголем дел од опсервациите ќе ги прави модулот Xuntian, кој всушност е камера со многу широк агол. Модулот е камера од 2,5 милијарди пиксели со слична резолуција како Hubble, но ќе може да гледа 300 пати поширок терен. Тоа значи дека во десетте години работа ќе може да истражи околу 40% од небото.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -