Десетте најбогати луѓе го дуплираа богатството, а остатокот од човештвото осиромаши во текот на пандемијата

- Advertisement -

Најбогатите десетмина луѓе го зголемија своето богатство и повеќе од дупло во текот оваа пандемиска доба – од 700 милијарди на 1,5 трилиони долари, што значи дека дневно се збогатувале за 15.000 долари во секунда или 1,3 милијарди долари дневно. Тоа се случи во првите две години од пандемијата, која приходите на останатите 99% од човештвото се намалија и над 160 милиони луѓе паднаа во сиромаштија.

„Ако овие десетмина богаташи уште утре изгубат 99,999% од нивното богатство, сепак ќе бидат побогати од 99% од луѓето на планетата. Тие сега имаат 6 пати повече богатство отколку што имаат најсиромашние 3,1 милијарда луѓе заедно“ вели извршната директорка на Oxfam, Габриела Бучер.

- Advertisement -

Во новиот брифинг насловен „Inequality Kills”, објавен денес во пресрет на Светскиот економски форум во Давос, од Oxfam велат дека нееднаквоста придонесува за смрт на 21.000 луѓе дневно или 1 човек секои 4 секунди. Тоа е конзервативно откритие базирано на смртните случаи на глобално ниво како последица на немање здравствена грижа, глад или климатски промени.

„Никогаш порано не било толку битно да се исправат грешките на оваа бесмислена нееднаквост така што ќе се потисне елитата и екстремните богаташи со наметнување даноци. Така нивните пари ќе се вратат назад во реалната економија и ќе спасуваат животи“ додава Бучер.

- Advertisement -

Богатството на најбогатите се зголеми многу повеќе откако почна пандемијата на КОВИД-19 отколку во текот на изминатите 14 години. Со еднократен данок од 99% на десетте најбогати луѓе во светот би имало доволно пари за:

-да се направат доволно вакцини во светот

- Advertisement -

-да се обезбеди универзална здравствена грижа и социјална заштита

-да се финансира адаптацијата на климатските промени и

-да се намали меѓуполовото насилство во над 80 земји.


Откако ќе го платат данокот, најбогатите десетмина се уште ќе имаат 8 милијарди повеќе отколку што имале пред пандемијата.

Екстремната нееднаквост е форма на економско насилство, каде што политиките и политичките одлуки кои го потпомагаат збогатувањето и моќта на привилегираните и резултираат со директна штета на мнозинството од луѓето во светот и на самата планета.

Пандемијата ја доведе нееднаквоста меѓу половите на нивото од пред честириесетина години. Жените во 2020 година вкупно изгубиле 800 милијарди долари приходи, а на работа се 13 милиони помалку жени отколку во 2019 година.

Нееднаквоста меѓу земјите се очекува да се зголемува за прв пат после една цела генерација. Земјите во развој, на кои им се оневозможи пристапот до вакцини поради заштитата на фармацевтските корпорации од богатите влади, беа принудени да скратат на општествените трошоци додека нивните долгови растат и сега се соочуваат со строги мерки за штедење. Бројот на луѓе кои умираат од КОВИД-19 во земјите во развој е дупло поголем отколку во богатите земји.

„Пандемијата на КОВИД-19 го откри мотивот за алчност и можноста со политички и економски мерки да се врши економско насилство преку екстремната нееднаквост. После години истражување и дискутирање на темата, ова е шокантен и неизбежен заклучок на Oxfam“ вели Бучер.

(Oxfam)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -