Twitter потроши милиони долари на пропаднатиот договор со Илон Маск

- Advertisement -

Twitter од април до јуни годинава потрошил дури 33 милиони долари за да се спроведе договорот на основа на кој мултимилијардерот Илон Маск планираше аквизиција на оваа компанија.

Бројот на корисници на оваа социјална мрежа во тој период пораснал на 237 милиони, но има загуба од 270 милиони долари, што е значително поголема загуба од очекуваното.

- Advertisement -

Маск се откажа од купување на Twitter, а спорот помеѓу компанијата и Маск ќе има судски епилог. Oд Twitter не сакаат да ги коментираат финансиските резултати се додека не биде познат исходот од овој спор.

Како една од причините зошто се откажува од купување на компанијата Маск ги наведе и бројните лажни профили. Меѓутоа, од компанијата тврдат дека бројот на лажни профили во вториот квартал од годинава изнесува 5% од вкупниот број на профили.

- Advertisement -

Приходите на Twitter минатата година изнесуваа 5 милијрди долари, но цените на нивните акции последната година се пониски за 45%, пренесува BBC.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -