Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна ситуација. Класификацијата е најголемото предупредување кое може да го издаде СЗО и да го следи порастот на бројот на заразени случаи ширум светот.
Досега се пријавени над 16.000 случаи од 15 земји, вели генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус. Досега има пет смртни случаи од сипаниците, додаде тој.
Моментално постојат уште само две такви вонредни здравствени ситуации – пандемијата на корона вирусот и континуираните напори за искоренување на детската парализа.
Гебрејесус вели дека Комитетот за итни случаи не успеал да постигне консензус за тоа дали избивањето на мајмунските сипаници треба да се класифицира како глобална вонредна здравствена ситуација.
Меѓутоа, рече дека епидемијата брзо се проширила низ светот и дека одлучил дека тоа навистина е од меѓународно значење.
„Проценката на СЗО е дека ризикот од мајмунски сипаници е умерен на глобално ниво и во сите региони, освен во европскиот регион, каде што ризикот го оценуваме како висок“ додаде тој.
(Bizlife)
(фото: YouTube)