ВИДЕО: Neri-Go е лифт за итна евакуација

- Advertisement -

Корејската компанија Neri-Go создаде личен систем за евакуација сличен на лифт. Овој систем носи еден или двајца истовремено од еден кат на друг по надворешниот дел од зградата и не троши струја за да функционира. Системот е наменет за високи згради и не зазема многу простор. Во случај на пожар, на пример, жителите на зградата можат да влезат во платформата со површина од 60 квадратни сантиметри и да ја отпуштат кочницата за да слезат на подолниот кат. Потоа слегуваат од таа платформа и се качуваат на друга итн.

Стабилниот систем се контролира со самата тежина на луѓето. Кога тие ќе излезат од платформата таа автоматски се искачува горе за да може да слезе друг станар. Ова изгледа како подобра алтернатива за евакуација особено за постарите луѓе, кои не можат да слегуваат и да се качуваат по скалила.

- Advertisement -

Системот на Neri-Go за итна евакуација е едноставен и може да спаси многу животи. Но, сепак, во суштина, ова е малку старомоден начин на евакуација, особено со 0глед на тоа дека во случај на опасни катастрофи како што е пожарот луѓето се однесуваат дезориентирано бидејќи има чад насекаде околу.

Сподели!
- Advertisement -