Грција воведува дигитална лична карта и дигитална возачка дозвола

- Advertisement -

Преку специјална официјална апликација на грчката Влада, личните карти и возачките дозволи од денеска за Грците ќе бидат достапни и во дигитална форма на нивните мобилни телефони.

Дигиталната лична карта и дигиталната возачка дозвола се достапни преку апликацијата Gov.gr Wallet, која беше презентирани од надлежните.

- Advertisement -

Проверката на документите ќе се врши преку скенирање на специјалниот QR код, по што се појавува шестцифрен код кој граѓанинот му го покажува на контролорот, а тој го внесува во неговиот уред, по што се појавува и документот.

Дигиталните документи се подеднакво законски како и регуларните за секаква законска употреба. Со дигиталните лични карти и возачки дозволи кои се лесни за користење, граѓаните добиваат безбедност и брзина.

- Advertisement -

Апликацијата е слична со онаа што грчката Влада ја воведе за зачувување и проверка на дигиталните ковид-сертификати.

Извор – портал Вработување

Сподели!
- Advertisement -