Airbus претстави концепт за футуристички авион кој личи на птица грабливка

- Advertisement -

Не е птица и секако не е обичен авион. Airbus искористи биомимикрија за да го дизајнира последниот концепт на хибриден електричен авион наречен Bird of Prey (Птица грабливка). Според официјалните информации на Airbus, авионот бил инспириран од механиката на крилјата на орелот и опашот во текот на летањето.

Bird of Prey е дизајниран да биде опремен со хибриден електричен мотор и дури има и метални пердуви кои се контролираат индивидуално. Airbus ја прикажа визуелната презентација на Bird of Prey во текот на саемот Royal International Air Tattoo во Обединетото Кралство.

- Advertisement -

Иако од компанијата потенцираат дека Bird of Prey не е проект кој е планиран за комерцијално производство во иднина, туку е теоретски проект, сепак, велат дека е базиран на реалистични идеи. Исто така, додаваат дека авионот намерно е направен да зачудува и истовремено да одушевува со цел да ги инспирира идните генерации дизајнери на авиони.

Airbus Bird of Prey aircraft concept

Airbus unveils new plane design that looks like a bird of prey.More info: http://bit.ly/2M1PkS1

Posted by Startup Selfie on Сабота, 03 август 2019

Сподели!
- Advertisement -