Млади од Европа од културниот и креативен сектор ќе креираат нови искуства за културното наследство

- Advertisement -

Од август до октомври 2022 година, ќе се организираат три теренски школи на археолошките локалитети „Стоби“ (Македонија), „Емона“ (Словенија) и „Виминациум“ (Србија). За учество,  можат да аплицираат сите студенти и заинтересирани млади луѓе, меѓу 18 и 35 години, кои имаат интереси во: историја, уметност, културно наследство, дизајн, анимација, креативно пишување и компјутерски технологии.

Во рамки на овие теренски школи, учесниците ќе имаат можност подетално да се запознаат со имерзивните технологии и како истите можат да се искористат за промоција и заштита на богатото културно наследство. Тие ќе бидат и меѓу првите корисници на мобилната апликација Immersium, која наменски се создава за овие три археолошки локалитети. На овој начин, ќе видат како се одвивал животот на локалитетите во Римскиот период, користејќи аугментирана реалност (AR), виртуелна реалност (VR) гемификација и сл.

- Advertisement -

Ова е уникатна можност за младите луѓе од културниот и креативниот сектор, да се поврзат и да креираат нови искуства и алатки, користејќи ги имерзивните технологии, со цел културното наследство да добие нова вредност. Младите ќе бидат дел и од хакатон, како и од повеќе работилници и теренски посети на локалитетите.

Еднонеделните студиски посети ќе се организираат во следниве периоди:

- Advertisement -
  • 29 август – 4 септември, студиска посета на локалитетот „Стоби“ (Македонија);
  • 20 – 27 септември, студиска посета на локалитетот „Емона“ (Словенија);
  • 27 септември – 4 октомври, студиска посета на локалитетот „Виминациум“ (Србија).

Заинтересирани лица, од 18 до 35 години можат да аплицираат на овој линк: https://bit.ly/3PDQ9NS, а учесниците од Македонија имаат можност да се пријават за посета на „Емона“ (Словенија) и „Виминациум“ (Србија), најкасно до 12 август 2022.

Програмата Heritage Field Schools се организира во рамки на проектот „Соработка за имерзивно раскажување за десиминација и промоција на културното наследство на Западен Балкан”, поддржан од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“. Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 како водечка организација, во соработка со Balkan Heritage Foundation ги организира овие теренски школи, кои ќе овозможат дополнителна промоција на културното наследство на Западен Балкан.

- Advertisement -

Основната цел на овој проект е да понуди нови содржини во рамки на археолошките локалитети. Преку VR и AR технологија, како и преку гемификација, да се креираат нови алатки и начини на доживување на културното наследство, кое ќе стане поинтересно и за новите генерации.

За повеќе информации за проектот следете ја Facebook страницата:  https://www.facebook.com/immersivestorytelling , како и Инстаграм профилот @immersium.

Сподели!
- Advertisement -