Rosenberg Space Habitat e највисокото 3Д печатено живеалиште во светот

- Advertisement -

Данската архитектонска компанија SAGA Space Architects соработуваше со ученици на возраст од 6 до 18 години од Институтот Розенберг за да направи живеалиште кое ќе биде специјално дизајнирано за вселенската ракета на Илон Маск, Starship.

Институтот Розенберг е швајцарско приватно училиште и интернат. Оттаму се надеваат дека оваа иницијатива ќе им помогне на учениците да почнат да сониуваат за дизајнирање идни вселенски иновации. После повеќе години работа на проектот, прототипот на вселенското живеалиште сега е изложен во швајцарски експериментален парк.

- Advertisement -

Живелаиштето е дизајнирано да го собере во ракетата на Маск која луѓето треба да ги однесе на Марс, Starship, која по прв пат можно е да лета летово. Структурата е зграда со три ката и разни работилници за астронаутите, како и простории каде што можат да се релаксираат.

Прототипот е висок 7 метри и е најголемата 3Д печатена полимерна структура во светот. Според Институтот Розенберг, учениците треба да ги комплетираат модулите за имерсивно учење во живеалиштето.

- Advertisement -

„Нашата цел е на идните лидери многу рано да ги запознаеме со прашањето за истражувањето на вселената, па така на нашите ученици ќе им овозможиме да решаваат сложени прашања тимски и холистички“ вели генералниот директор на Институтот Розенберг, Бернард Гадеман.

Потребни биле две години работа за Rosenberg Space Habitat да се претвори од обичен цртеж на хартија во вистински прототип. Тимот се одлучил да користи полимери за печатење затоа што тие имаат повеќе примени отколку бетонот, кој се користи кај најголем дел од 3Д печатените структури. Материјалот од кој е направен прототипот исто така има и стабилизатор на УВ зраци, поради што е поотпорен на ултравиолетовата радијација на Месечината и на Марс.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -