Шест нови криптовалути кои треба да ги држиме на око

- Advertisement -

Денес има неколку криптовалути кои се тргуваат во светот, како и повеќе кои не се познати, односно постојат подогло време, но со нив се тргува помалку. Има и нови криптовалути кои постојано се креираат. Страницата Inc.com состави листа со шест криптовалути кои се интересни за следење на почетокот на 2018 година и сигурно во иднина ќе станат поинтересни за пазарите за криптовалути.

1. Dock.io

- Advertisement -

Dock.io, која ја имаше својата иницијална понуда (ICO) овој месец, нуди механизам базиран на blockchain за складирање и пристап до информации за корисници, на тој начин подобрувајќи го пристапот на апликациите до податоци за корисниците и комуникацијата. Dock.io има прилично голем искусен тим, а основачот истакна дека компанијата привлекла трипати поголем интерес со својата иницијална понуда отколку што има токени за продажба.

2. Gladius

- Advertisement -

Gladius, која неодамна собра 12 милиони долари со својата ICO, нуди децентрализирана технологија базирана на blockchain која штити од DDoS напади и ја забрзува доставата на содржини. Gladius им овозможува на луѓето привремено да гo изнајмат својот дигитален опсег (а речиси секој не користи Интернет додека е на работа) на други луѓе на кои им треба. Наместо да им плаќаат на провајдерите за побрз Интернет и DDoS заштита, Gladius им овозможува на бизнисите за го купат само потребниот дигитален опсег и само тогаш кога им треба.

3. Eristica

- Advertisement -

Eristica, која моментално ја има својата иницијална понуда ICO, нуди платформа за луѓе кои сакаат да се предизвикуваат себеси да прават некои трикови, со паметни договори кои гарантираат исплата доколку се исполни предизвикот. Тоа значи дека луѓето можат и да прифатат нечии предизвици кои им се исплатуваат доколку победат. Секој предизвик, доказите, влоговите и крајниот рок се чува во blockchain. Од Eristica тврдат дека веќе имаат повеќе од 1 милион корисници во Русија и околу 200.000 во Југоисточна Азија и во Индија.

4. Safein

Safein, кои планираат иницијална понуда овој прв квартал, креираат систем за идентификација базиран на blockchain кој има за цел да ги елиминира непотребни процеси на креирање посебна сметка за секоја страница, апликација итн. Технологијата на Safein им овозможува на луѓето не само да се логираат на веб страници без регистрација туку и поголема контрола врз личните податоци. На пример, овозможува личните податоци да се пренесат само кога ќе дозволи корисникот, кому ќе дозволи корисникот и во енкриптирана форма од почеток до крај.

5. Knowbella (Helix)

Knowbella е нова платформа за групно финансирање на интелектуална сопственост во мирување или отворена интелектуална сопственост. Тоа е недоволно употребен ресурс кој заедно вреди повеќе трилиони долари. Knowbella им помага на научници да соработуваат на истражувачки проекти, да добиваат грантови, да делат лабораториски ресурси, да направат ракописи за објавување итн. Платформата користи токени наречени Helix  за да ги награди научниците за напредокот на знаењето.

6. ClearCoin

ClearCoin во моментов ја прави својата иницијална понуда и тврдат дека веќе собрале 2,83 милиони долари. ClearCoin нуди систем базиран на blockchain за поврзување на издавачите и тие што рекламираат без посредници, односно интерфејс за купување и продавање медиумски содржини во реално време. Има и други пазари за реклами, ClearCoin нуди ефикасност и економичност.

Сподели!
- Advertisement -