Играта Paint the Thing на средношколците Виктор и Марио наградена за најдобра европска игра на светското првенство во Бразил!

- Advertisement -

Виктор Попов и Марио Павлески се средношколци од Охрид, кои неодамна од прва рака почувствуваа како се собираат плодовите од сопствениот труд. Иако млади и со скромно искуство, тие со својата игра  Paint the Thing се пласираа на финалето на глобалното натпреварување ‘GAME JAM +’ во Бразил каде беа наградени со Best Game Europe, односно со наградата „Најдобра игра од Европа“.

Деновиве, тие се вратија од светското натпреварување. Полни со впечатоци, за Иновативност раскажуваат дека не ни сонувале дена ваков успех се постигнува и на оваа возраст, што им дава мотивација во иднина да работат уште по посветено.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Виктор и Марио, објаснете ни каква игра е Paint the Thing.

- Advertisement -

Paint the Thing е casual игра која е соодветна за секаков тип на играчи од сите возрасти. Целта е со карактерот да се соберат четки со боја кои се појавуваат околу екранот и да се избои сликата во средина додека се одбегнуваат пречки. Планираме и понатаму да работиме на нејзиниот развој и да ја надополнуваме, на пример да додадеме прогресија со нивоа, специјални предизвици, персонализација на каректерот и слично.

Веројатно конечната бесплатна верзија ќе биде достапна во октомври.

- Advertisement -

Во моментот, играта е достапна на мал број тестери, а исто така достапна е и на Google Play Store каде што може секој да ја проба.  

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.TheSideGames.paintthething



Што ве инспирираше да ја создадете?

Конкретно, инспирација ни беше натпреварот Game Jam Plus. На почетокот на натпреварот ни беа дадени неколку теми, од кои ние ги одбравме Short & Sweet и Colors & Paints и ја измисливме оригиналната идеја. Натпреварот има временско ограничување од 48 часа и во тој период ние успеавме да ја направиме првичната верзија.

После првиот круг на натпреварот, кој беше во рамките на Македонија, не известија дека сме еден од четирите тимови кои ќе продолжат да се натпреваруваат на европско ниво. И на тој натпревар исто така успеавме да влеземе во четирите екипи кои продолжуваат во финалето во Бразил, заедно со тимови од Словенија, Португалија и Франција.

Во меѓувреме, имавме време од неколку месеци да ја надградиме играта за да ја прикажеме во финалето. Кога стигнавме во Рио навистина беше неверојатно чувство и никогаш не би можел ни да замислам дека ќе постигнеме нешто такво. Ја добивме титулата „Најдобра игра во Европа“ и пресреќни сме.


Со оглед на тоа дека сте млади, што значи за вас овој успех? Ви дава ли дополнителна мотивација?
Сметаме дека постигнувањето на ваков успех на оваа возраст ни отвора безброј врати и можности да продолжиме со кариерата и во животот. Никогаш не ни сонувавме дека ќе постигнеме нешто вакво на овие години и заради тоа многу сме благодарни.

Но, тоа не значи дека престануваме со работа. Во моментот работиме да ја завршиме Paint the Thing, а истовремено и двајцата имаме сопствени поединечни проекти на кои работиме.


Какви се вашите планови за во иднина?
Всушност, ние од секогаш сме сакале ова да го правиме, и сега штом ни се дава ваква можност, ни се вреднува трудот и ни се дава признание, сигурни сме дека и ќе продолжиме да развиваме игри.
Секако, планираме да продолжиме да учиме, да си ги развиваме способностите и знаењата и да правиме што е можно подобри проекти. На пример, и да се прошириме од Game Dev и во други видови програми како мобилни и веб апликации.

Сподели!
- Advertisement -