Македонија2025 го зголемува своето влијание со избор на нови членови на Одборот, кои ќе придонесат кон организацијата со своето знаење и искуство, и ќе ú помогнат во исполнување на својата мисија, односно поддршка на развојот на Македонија преку промовирање одржлив економски раст кој ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори.
Македонија2025 денеска објави именување на три нови членови на Oдборот на директори, со што бројот на членови се зголеми на осумнаесет.
Одборот на директори на Македонија2025 им посакува добредојде на:
Aсс. Проф. Венера Крлиу Ханџиски, заменик извршен директор, главен оперативен директор, Потпретседател на Одборот на директори и Проректор за образование на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Г-дин Ѓорѓе Војновиќ, извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Претседател на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора, поранешен професионален кошаркар.
Г-дин Радош Вукиќевиќ, генерален директор на винаријата Тиквеш.
„Овие импресивни лидери ја прошируваат широчината и длабочината на нашата способност и знаење како организација и знам дека секој од нив лично ќе придонесе за да помогне во остварувањето на нашата мисија и влијание“, рече Мајкл Чкламовски, Претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.