За неполни два месеца „Снепчет Плус“ надминала еден милион претплатници

- Advertisement -

Апликацијата Снепчет соопшти дека стигнала до бројка од еден милион претплатени корисници од лансирањето на „Снепчет Плус“ (Snapchat Plus), својата платена верзија, од крајот на јуни годинава, пишува „The Verge“.

Претплатата на „Снепчет Плус“ им овозможува на корисниците ран и ексклузивен пристап до функциите, за 4 американски долари месечно. Во јули, компанијата ја претстави и десктоп верзијата на Снепчет, која исто така им е достапна само на претплатените корисници.

- Advertisement -

Меѓу ексклузивните содржини кои ги уживаат само оние што платиле за „Плус“ верзијата, се специјалните позадини за емотиконите со ликовите на корисниците, како и можноста за промена на иконата на апликацијата. Претплатниците, исто така, ќе може да проверат кој ги изгледал нивните Стори содржини повеќе од еднаш.

Новина за претплатниците е и ажурирањето со кое пораките на оние што платиле за „Плус“ верзијата ќе бидат повидливи за јавните личности и креаторите на Снепчет, кога тие им се обраќаат.

- Advertisement -

Како што пишува „The Verge“, Снепчет ја воведе претплатата во обид да воспостави дополнителни извори на приходи. Таа беше една од многуте компании кои беа погодени од промените во поставките за приватност на „Епл“ воведени минатата година, што предизвика проблеми во рекламниот бизнис на Снепчет – клучниот начин на кој оваа компанија заработува пари.

Сподели!
- Advertisement -