Ова ќе биде еден од најинтересните телефони во 2020 година

- Advertisement -

После Fold, Samsung подготвува уште еден смартфон на прклоп, кој ќе го привлече вниманието на многу повеќе корисници. За десетина дена на конференција Samsung ќе ги претстави новите модели на паметни телефони. Освен неколкуте модели од серијата Galaxy S, кои секоја година се меѓу најдобрите телефони на глобално ниво, оваа јужнокорејска компанија ќе претстави и уште еден смартфон со еластичен екран – Galaxy Z Flip.

Ова не е наследник на минатогодишниот модел кој може да се користи и како таблет и како телефон, туку нов модел сличен на Motorolа Razr. Досега веќе беа објавени и фотографии од Z Flip, а на крајот на минатата недела се појави и видео на Twitter.

- Advertisement -

За разлика од Fold, кој е прилично голем, Flip Z ќе ги освои корисниците со своите компактни димензии, кои се слични на првите мобилни телефони на преклоп. Кога е склопен, телефонот го собира во џеб, иако е малку подебел од сегашните смартфони.

Според некои извори, екранот ќе има 6,7 инчи кога е отворен и размер на страници од 22:9. Од видеото може да се види и другиот екран на телефонот, сместен на задната страна, кој е наменет само за прикажување време, известувања за пораки и повици итн.

- Advertisement -

Според гласините, телефонот ќе има процесор Ѕnapdragon 855 Plus, 8 GB RAM и 256 GB простор за скалдирање податоци, но нема да има влез за слушалки и поддршка за 5G. Цената треба да биде поприфатлива од Fold и наводно ќе изнесува околу 1400-1500 долари.

Сподели!
- Advertisement -