Како „Google Maps“ одлучува кoja е најдобрата рута за патување, дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите .…
Ова се само дел од интересните теми на кои ќе говорат професори на Отворениот Ден на Brainster Next College (Бреинстер Некст), што ќе се одржи на 25 август со почеток во 15:30 часот во просториите на Brainster.
На отворениот ден се добредојдени сите кандидати заинтересирани за упис на факултетот како и родителите, со цел да можат да се запознаат со административниот и академскиот кадар и дел од реномираните ИТ компании кои ќе нудат пракса и вработување за студентите.
За учеството на интерактивните предавања учесниците ќе стекнат сертификат за учество, а присутните ќе имаат можност и за кариерно советување, информативни сесии поврзани со уписите на факултетот, студиите, практичната настава, и секако можноста да студираат за 0 денари сѐ до вработувањето или дипломирањето преку финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ – за кој Бреинстер Некст колеџот направи инвестиција од 2,5 милиони евра со цел да овозможи достапно и квалитетно високо образование за сите и да го олесни финансискиот товар за студиите на сите свои идни студенти.
Од аспект на предавањата, професорот Ивица Пешовски ќе даде одговор на прашањето како „Google Maps“одлучува кoja е најдобрата рута за патување? – односно како навигациските системи одлучуваат кој пат да ви го препорачаат преку анализа на работата на Дајкстриниот алгоритам (Dijkstra).
Покрај него, интересно предавање ќе има и професорот Петар Јолакоски кој ќе зборува на тема „Случајно пребарување и митот за целите“. Неговото излагање ќе даде одговор на прашањата: Зошто модерниот живот се врти околу целите, како случајните пронајдоци може да доведат до големи резултати и постои ли “рецепт” за голем успех.
Горјан Поповски пак, ќе ја разреши дилемата дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите?
Преку видеоконференциска врска ќе се приклучи и реномираниот меѓународен експерт Дамјан Обал, кој има богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки. Тој ќе ги детектира и објасни најинтересните митови поврзани со UX дизајн.
На настанот, посетителите ќе ја слушнат и инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на Brainster, едукативниот центар кој веќе 7 години овозможува професионална едукација градење на кариери во дигиталните индустрии и е воедно основач на Brainster Next колеџот.
Отворениот ден, наменет за сите родители, матуранти и млади што сакаат да студираат софтверско инженерство ќе започне во 15:30 часот на25 август во просториите на Brainster на ул. Васил Ѓоргов 19 (Капиштец, спроти Зебра) – а деталната агенда и линкот за регистрација на настанот можете да го најдете ТУКА.