Американската вселенска агенција НАСА избра 13 потенцијални локации за слетување на Месечината ии воспоставување на дфолгорочно присуство на лунарната површина. Целта на НАСА е да ги врати астронаутите на Месечината до 2025 година, а потенцијалните зони за слетување се наоѓаат во близина на јужниот пол на Месечината.
„Изборот на овој регион значи дека сме чекор поблиску до враќање на луѓето на Месечината по прв пат после мисијата Аполо“ изјави еден од клучните луѓе на програмата Artemis.
Луѓето последен пат беа на Месечината во 1972 година. Од Artemis додадоа дека оваа мисија ќе биде поинаква од сите други затоа што астронаутите ќе се најдат во мрак и во претходно неистражени делови од Месечината и ќе ги постават темелите за иден подолгорочен престој.
Секоја од избраните локации е голема 15х15 км, а се наоѓа во шест степени географска ширина на јужниот пол на Месечината и имаат различни геолошки карактеристики. Според главниот научник за истражување во седиштето на НАСА, секој регион има најмалку 10 потенцијални локации за слетување.
Кога НАСА ги бирала зоните за слетување, научните и инженерите се базирале на податоци кои ги собрало беспилотното летало Recconnaissance Orbiter, кое сега кружи околу Месечината, а користени се и податоци кои се собирани со децении. Регионите се избрани имајќи предвид многу аспекти, вклучувајќи го времето на ласнирање, шансите за безбедно слестување, наслонот на теренот, леснотијата за комуникација со Земјата и условите за осветлување.
Сите 13 локации овозможуваат континуирано осветлување во период од 6,5 дена, колку што е планирано да трае мисијата Artemis III на Месечината. Сончевата светлина е клучна за долгорочен престој на лунарната површина затоа што служи како извор на енергија и се минимизира температурата на флуктуација.
НАСА планира да ги испрати астронаутите на Месечината со помош на системот Starship, кој го развива компанијата SpaceX. Првата орбитална мисија на системот е планирана за годинава.
(Klix.ba)
(фото: Pexels)