Поскапува кафето поради намалените приноси на кафе во Бразил

- Advertisement -

Намалените приноси на кафе во Бразил, најголемиот светски производител, би можеле да предизвикаат нагло зголемување на цените на кафето ширум светот во наредните месеци.
Фјучерсите на кафе се зголемија за речиси 90 отсто минатата година, откако сушата и мразот го погодија производството во Бразил, покажуваат податоците за тргувањето.

Цените на кафето скокнаа на 10-годишен максимум од 2,59 долари за фунта (1 фунта = 453,5 грама) во февруари и остануваат повисоки од претходните години, со зголемување од 18,06 отсто на годишно ниво.

- Advertisement -

Аналитичарите очекуваат дополнителен раст на цените поради специфичноста на бербата на кафето во Бразил.

Традиционално, тоа се одвива во циклус од две години, а земјоделците берат поголеми количини Арабика во парните години.

- Advertisement -

Сепак, поради екстремните временски услови во 2021 година, очекувањата за годинешната реколта се мали, особено со оглед на зголемувањето на трошоците за ѓубриво и транспорт.

Заедно со Бразил, плантажите во Колумбија, уште еден голем извозник на кафе, исто така беа погодени од повлажни временски услови од нормалното.

- Advertisement -

Според некои проценки, според Волстрит журнал, овогодинешните приноси на некои фарми би можеле да бидат и до 50 отсто помали.

Извор – Независен

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -