Селектирај и рециклирај електричен и електронски отпад!

- Advertisement -

Сигурно во вашиот дом чувате барем еден расипан електричен или електронски уред. Можеби нема посебна причина зошто го чувате, а можеби не сте сигурни каде да го оставите,  а тоа да не биде најблискиот контејнер.

Но, не грижете се, не сте само Вие!

- Advertisement -

Истражувањата покажуваат дека граѓаните во поголемите центри во земјава имаат релативно висока свест и навики за селектирање на отпад, односно 34% од испитаниците редовно или често селектираат барем еден вид на отпад. Притоа, 40% од оние кои селектираат, селектираат исклучиво пластика, додека дополнителни 40% селектираат пластика плус уште минимум еден друг вид на отпад (хартија, стакло, итн.).

Но, кога се работи за електричниот и електронскиот отпад, граѓаните имаат значително помала свест и навики за селектирање. Само 56% од анкетираните слушнале за електричен и електронски отпад. Ова е значително помалку во споредба со отпадот од пластика, хартија, стакло, за кои што постои далеку повисока свесност.

- Advertisement -

Се може да се рециклира, но претходно мора да се селектира. Затоа компанијата Екон Електрон неодамна започна со информативна кампања за начинот на селектирање на електронскиот и електричниот отпад.  На нивната веб страна може да се информирате како тече целиот циклус на рециклирање на овој тип на отпад, како и да се информирате каде може да ги најдете собирните места за мали апарати и уреди. За бесплатно преземање на големи апарати и уреди од отпадна електрична и електронска опрема на територијата на Град Скопје може да пополните онлајн форма за преземање на електронски отпад или да се јавите на нивните контакт телефони отворени за граѓаните.

Долгогодишниот фокус на оваа проблематика ги прави Екон Електрон лидер на пазарот во oвој сегмент, со висок степен на експертиза во дејноста и со конкретни остварени резултати.

- Advertisement -
  • Екон Електрон има пазарен удел од околу 24% од системот за колективно постапување за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема во државата.
  • Поставени се над 50 садови за одлагање на отпадна електрична и електронска опрема во малопродажни објекти кои служат за одложување на малите уреди од електричниот и електронски отпад.
  • Екон Електрон соработува со над 40 компании кои се во системот за колективно постапување како договорни компании.

Покрај собирањето на електронски и електричен отпад, Екон Електрон континуирано работи на информирање на граѓаните и подигање на свеста за селектирање и рециклирање на електричниот и електронскиот отпад.  

Екон Електрон е во процес на склучување на договори со сите општини со цел поставување на соодветните садови за отпадна електрична и електронска опрема, како и организирање на собирни места и центри каде граѓаните ќе можат да се “ослободат” од отпадната електрична и електронска опрема.

Приклучете се и вие, селектирајте го електричниот и електронскиот отпад со Екон електрон. На тој начин го заштитуваме своето здравје, здравјето на другите, а добиваме почиста околина и помало загадување!

Вие, ние и ЕКОН ЕЛЕКТРОН за почиста и поздрава околина!

Сподели!
- Advertisement -