Стартува нов акцелератор кој во следните 4 години ќе инвестира 1,3 милиони евра во македонските стартапи!

- Advertisement -

Технолошкиот парк на Универзитетот Југоисточна Европа ja стартува есента со интересна новина – акцелераторска програма! Станува збор за нова акцелераторска програма – „700 Акцелератор“ наменета за технолошките, дигиталните и стартапите со фокус на циркуларната економија. На оваа тема разговаравме со Ѓорѓи Рафајловски, оперативен директор на Технолошкиот парк кој за “Иновативност“ вели: Ние имаме една цел: да им помогнеме на претприемачите да успеат!

Новинар- Верица Јорданова

Ѓорѓи, за кого примарно е насочен „700 Акцелератор“?

- Advertisement -

Ако сте технолошки ориентиран стартап во ‘pre-seed’ или ’seed’ фаза оваа програма ќе понуди финансирање, обука, менторство и пристап до мрежи за раст на еден бизнис.

Секоја година помеѓу 6-10 стартапи ќе учествуваат на интензивна 100-дневна програма која на крајот треба да резултира со инвестиција од 40 илјади евра по тим, со задолжително ко-финансирање и од други инвеститори, бизнис-ангели или компании.

- Advertisement -

Од каде дојде идејата или поконкретно потребата за вакво нешто?

Како Технолошки Парк ние и досега работевме со стартапи и т.н. ‘скејл-ап’ компании, компании кои се во понапредна фаза на развој со освојување на нови пазари и раст на продажбата и надвор од Македонија.

- Advertisement -

Веќе подолго време сакавме да навлеземе во фазата на инвестирање, но сакавме тоа да биде на база на ко-инвестиции, односно да соинвестираме заедно со ангел-инвеститори, компании и VC фондови. Со оваа програма ќе го направиме токму тоа, заедно со инвеститорската заедница од земјава и регионот, ќе ги поддржиме најперспективните македонски стартапи во нивниот пат до успехот.

Заедно со партнерите и инвеститорите ќе обезбедиме  почетен капитал, но и знаења, вештини и отворени врати за следните чекори. Во тимот кој оперативно го реализира проектот се моите колеги: Мартир Дика, Блерина Зендели и Авни Арифи.

Како е замислено истата да функционира?

„700 Акцелераторот“ е модерна и специјално дизајнирана 100-дневна програма, чија цел е да ги подготви стартапите кон нивниот пат за прибирање инвестиции и забрзан раст.

Самата програма е заснована на три столба:

  1. 12 тематски обуки и работилници – спроведувани од екперти-практичари во областите и од самата стартап заедница
  2. Менторство и средби 1-на-1 – секој стартап тим добива свој ментор-генералист чија цел ќе биде да ги соодветно да ги насочи и поврзе стартапите со организиации и лица кои можат да им помогнат
  3. Ко-инвестиции – во висина до 40.000 евра по стартап, со тоа што нашата инвестиција ќе мора да биде проследена со ко-инвестиција од бизнис-ангел или компанија.

Чекорите се замислени во неколку едноставни фази: он-лајн пријавување, селекција, акцелерација, пичинг и инвестиција. По завршувањето на акцелераторската програма, најперспективните стартапи ќе продолжат да добиваат техничка, инфраструктурна и логистича поддршка од SEEUTechPark и нашите партнери.

Како го обезбедивте финансирањето и како во пракса ќе се одвива оваа програма?

Морам да напоменам дека соодветното финансирање можеби беше најделикатниот дел од овој подвиг. Нашата цел беше да обезбедиме соодветни партнери и пристапно финансирање не само за програмата, туку и за самите инвестиции во стартап тимовите.

Со гордот можам да кажам дека успеавме да вклучиме повеќе од 20-тина инвеститори, компании и бизни-ангели кои се одлучија да ко-инвестираат заедно со нас. Сите тие се успешни бизнисмени, стартапџии, но и инвестициски фондови од регионот со кои заедно сакаме да градиме успешни приказни. Дел од инвестираните средства ќе дојдат и директно од нас, како SEEUTechPark.

Морам да напоменам дека за „700 Акцелераторот“ добивме поддршка од проектот „ЕУ за економски раст“ кој е финансиран од ЕУ и Германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски акции, а имплементиран од страна на ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка и Area Science Park. Заедно со ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка ја дизајниравме и ќе ја спроведуваме програмата во следните три години. Имаат супер локален и меѓународен тим, и среќен сум што ќе го одиме овој пат заедно со нив.

Нашата цел е да инвестираме околу 1,3 милиони евра во македонските стартапи, во следните четири години

Со оглед на тоа дека сте лоцирани во Полог, дали ви се таргет главно компании од овој регион или не?

Физичката локација на Технолошкиот Парк е во Тетово, но во минатото ние сме поддржувале, и денес помагаме стартапи низ целата земја: Скопје, Гостивар, Битола, Охрид, Штип, Струмица…

Природно е нашиот фокус да биде на стартапите од Полошкиот регион, особено затоа што голем дел од одличната инфраструктура, академскиот и бизнис потенцијал го имаме и во нашиот регион, и секако приоритет ќе им дадеме на локалните претприемачи.

Но воедно, денеска во старт-ап заедницата не е важно од каде оперирате, туку важно е што правите! Доколку има добри тимови /идеи од остатокот на земјата – сигурно ќе бидат земени предвид.

Кои се целите кои сакате да ги постигнете?

Во SEEUTechPark имаме две долгорочни цели: да започнеме да финансираме квалитетни стартапи, и да ја поттикнеме ко-инвестициската клима на сегашните и потенцијалните инвеститори.

Следната година навршуваме 10 години од постоењето на Технолошкиот Парк – голем дел од нашите стратегиски цели веќе ги остваривме, и низ текот на годините имавме доста успешни стартап приказни. Сега фокусот ќе ни биде заедно со нашите домашни и странски партнери, да инвестираме во најпросперитетните стартапи, и да им помогнеме во нивниот прогрес низ Европа и САД.

Истовремено, сакаме да ја „разбудиме“ инвеститорската заедница кај нас, и да и обезбедиме повеќе можности за инвестиции во македонски тек-компании, кои со релативно памали инвестиции, подоцна можат да направат многу големи успеси. Имаме одлични бизнис услови, одлични млади таленти, ни неостига можеби малку храброст за „заедно да го изодиме патот до успехот“.

Впрочем, идејата за ко-инвестиции дојде токму од бизнис-ангелите и претприемачите со кои соработувавме низ годините. Сега, ќе имаме можност да се докежеме во инвестирањето.

Како познавач на стартап сцената во земјава, како ги оценувате моменталните состојби и како корона кризата се одрази врз развојот на иновативни стартап иницијативи?

Стартап сцената во Македонија стана многу динамична и полетна во последните години. Видовме многу добри стартап приказни и тимови кои си го пробиваат својот пат кон успехот. Видовме и многу организации и инеституции кои се профилираа како сериозни поддржувачи на екосистемот. 

Нашиот стартап ексосистем е доволно развиен да произведува успешни стартапи, но секако му недостасува вмрежување, затоа што е ралативно мал, но и соодветни инвеститори кои можат да го поддржат тој раст низ различните фази.

Оваа корона-криза во некои сектори ги забави процесите, во некои пак ги забрза. Во зависност од која индустрија доаѓате – можевте да гледате повеќе пречки или повеќе можности. Но, глобалната пандемија неповратно ги помести процесите – особено во дигиталната технологија и односот на потрошувачите,  па така, некои делови од „новото нормално“ ќе останат уште долго во екосистемите.

Сега светот се соочува со нови кризи: енергетски, инфлаторни, ресурсни, но и прехрамбени. А новите предизвици раѓаат нови услови – полесни или потешки. Во едно сум сигурен: ќе гледаме комплетна промена на стартите бизнис системи и раѓање на сосема нови!

Сподели!
- Advertisement -