Анета Атанасовска: Ковид кризата го доведува во прашање опстанокот на занаетчиите!

- Advertisement -

Занаетчиската комора Скопје е самостојна, независна, невладина, непрофитна асоцијација на занаетчиите на Град Скопје кои се организирани за да бидат соодветен партнер  за создавање поволни услови и клима за развој и унапредување на занаетчиството. Делува за подобрување на квалитетот на производите и услугите преку подобрување на човечките ресурси со спроведување на обуки, презентации, стручно оспособување на занаетчиите и подобрување на стручното образование за добивање квалитетен кадар, како и пружање на услуги согласно потребите на членството. Занаетчиската комора Скопје е основана во 1932 година, и постои веќе 88 години со цел подршка и развој  на занаетчиството.

За работата на оваа институција разговаравме со Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиската комора Скопје.

- Advertisement -

Разговараше- Верица Јорданова

– Занаетчиска комора Скопје преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко систем креираше апликација и база на членки која што функционира во повеќе области. Кажете ни подетално за што станува збор и кои се досегашните ефекти? 

Занаетчиска комора Скопје преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко систем креираше апликација и база на членки кој што функционира во повеќе области: ажурирана база на активни  членки, комуницирање со членството со модул на испраќање мејлови по избор (збирно, поединечно, по шифри на дејност, секции) во зависност од тоа информацијата до кого треба да биде упатена. Понатаму, содржи модул за испраќање смс пораки исто така по избор, помага за ефикасна евиденција за плаќање чланарина на членството и овозможува автоматско принтање на решенија за коморски придонес за активните членовиа

- Advertisement -

Клучните бенефити за Занаетчиска комора Скопје се брзо и навремено информирање на членството, со што добиваме задоволно членство, извештаи за  членки кои се регистрирани во регистарот на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност (ТП и ТД кои вршат занаетчиска дејност) како и точна евиденција  за плаќање на коморскиот придонес.

Членовите на Занаетчиска комора Скопје добиваат навремена информации за можности за користење на финансиска подршка преку аплицирање на Повици за користење субвенции информација за можности за користење на активните мерки за вработување преку АВРМ и техничка помош за користење на истите.

- Advertisement -

– Каква е состојбата на занаетчиите во моментов, особено во контекст на Ковид кризата? 

Со оглед на тоа дека Ковид кризата продолжува во наредниот период занаетчиите од сите сектори се погодени од оваа криза. Имаат многу ниска побарувачка на производи и услуги, со што се доведува во прашање ликвидноста на занаетчиските бизниси. Голем дел од занаетчиите особено оние кои се најзасегнати како фотографите, кроење и шиење на облека и венчаници, фризери, козметичари, златари, домашно и уметничко ракотворење  спасот го гледаат во мерките од државата кои се минимални за да се реализираат обврските кои произлегуваат од еден бизнис. Занаетчиите се во паника како ќе ги подмират обврските кон државата, како и останатите обврски за закуп, струја, вода и парно за деловните простории и со кои финансиски средства ќе ја поминат оваа кризна состојба во ситуација кога воопшто не остваруваат промет.

Занаетчиите кои имаат вработени се исто така во многу неповолна ситуација, затоа што од нив зависи егзистенцијата на семејствата на вработените а не се во ситуација да исплатат плати за вработените и ќе мораат да ги отпуштат од работа затоа што бизнисите стануваат неликвидни.  

Дали и како занаетчиите се опфатени со владините економски мерки и колку истите даваат ефект врз пособрување на позицијата на занаетчиите? 

Занаетчиите во претходниот пакет мерки беа опфатени само со мерката за  финансиска подршка за самостојни вршители на занаетчиска дејност за период од три месеци април, мај и јуни и можност да се користи домашната платежна картичка купувам домашно во три занаетчиски дејност и тоа: фризерски услуги, кетеринг и останати лични услужни дејности. За жал не беа опфатени како можни апликанти во бескаматните кредитни линии на Банката за развој на РРСМ.

 Во четвртиот пакет мерки за справување со економијата најавено е дека занаетчиите  ќе можат да аплицираат за бескаматните кредитни линии на Развојна банка на РСМ , финансиска подршка во плати, и намалување на процентот на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиските производи и услуги. Потенцираме дека владините мерки се неопходни за да се преброди овој период, ефектите се мали но сепак се добредојдени во услови на криза.

Кои се клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваат занаетчиите генерално? 

Генерално во овој период занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, како и исплата на плати за вработените,  дефицит на стручен кадар во занаетчиството, преоптовареност со парафискални давачки за време на вршењето на дејноста како и сива економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис.

Во периодот што следи комората се подготвува за бран на проблеми со кои ќе се соочат занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност при функционирање во услови на пандемија со Covid-19 , и со навремено информирање на членките и техничка подршка за користење на мерките од четвртиот пакет мерки за економијата. Исто така комората ќе делува на подобрување на стручното образование со цел добивање на квалитетен кадар на пазарот на труд кој е непходен за конкурентен занаетчиски сектор, како и превземање на активности и доставување на предлози до надлежните институции за намалување на сивата економија во занаетчискиот сектор која во услови на пандемија го загрозува занаетчиството со нелојалната конкуренција.

Сподели!
- Advertisement -