Загадувањето на воздухот предизвикува рак кај непушачите

- Advertisement -

Не пушите цигари и се надевате дека сте безбедни и нема да добиете рак на бели дробови, н тоа веројатно не е така ако и се верува на најновата студија. Имено, идентификуван е нов систем преку кој малите честички загадување во воздухот може да предизвикаат рак на белите дробови кај луѓето кои никогаш не фатиле цигара во рака.

Тоа се вели во соопштението за печат на Европското здружение за медицинска онкологија, кое беше објавено во саботата. Невидливите, но моќни честички вообичаено се наоѓаат во издувните гасови од возилата и во чадот при согорување фосилни горива, а се асоцираат со се поголем ризик од појава на рак на бели дробови. Тие се одговорни за над 250.000 смртни случаи од рак на бели дорбови годишно.

- Advertisement -

Истите честички во воздухот кои се резултат на согорувањето на фосилните горива ги забрзуваат климатските промени и директно влијаат на ќовечкото здравје преку битни и претходно познати, но занемарени механизми за предизвикување рак на белите дробови, велат истражувачите.

Според нив, ризикот од појава на рак на бели дробови како последица на загадувањето на воздухот е помал отколку појава на рак од пушење цигари. Глобално, повеќе луѓе се изложени на небезбедни нивоа на загадување на воздухот отколку што се изложени на токсичните хемикалии од чадот од цигарите, а овие нови податоци се доказ за врската меѓу климатските промени и здравјето на луѓето.

- Advertisement -

Тоа е така поради мутацијата на две гени, EGFR и KRAS, кои се среќаваат кај половина од луѓето со рак на бели дробови кои никогаш во животот не пушеле цигари. Истражувачите во студијата вклучиле речиси 500.000 луѓе во Англија, Шкотска, Јужна Кореја и Тајван. Тие откриле врска помеѓу зголемениот ризик од појава на рак на бели дробови и мутациите на EGFR и KRAS гените.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: ce.gatech.edu)

Сподели!
- Advertisement -