ВИДЕО: Објавена досега невидена снимка од потонатиот Титаник

- Advertisement -

Објавена е нова снимка од потонатиот Титаник во 8K квалитет, така што тоа е најквалитетното видео од родот досега. Видеото би требало да помогне во откривањето разни подводни видови и предвидување на брзината со која пропада бродот.

Новото видео има хоризонтална резолуција од 8.000 пиксели, односно двојно повеќе од 4K квалитетот и прикажува најмногу детали. Видеото го направила компанијата OceanGate Expeditions во текот на годинашната посета на бродот која веќе 110 години лежи на длабочина од 3,8 км во Атлантикот. Тоа е на околу 740 км од брегот на Њуфаундленд.

- Advertisement -

Оваа компанија организира експедиции до Титаник со екипа од експерти нуркачи, историчари за Титаник и истражувачи, а со нив можат да одат и луѓе кои ќе платат 250.000 долари за да бидат едни од ретките кои со свои очи ќе го видат овој легендарен брод.

На новото видео се гледаат сите остатоци од бродот, а се гледа и дека е многу распаднат, како и дека изгледа поинако во споредба со експедицијата од 2021 година. Покрај солената вода и големиот подводен притисок, многумина веруваат дека бродот целосно ќе се распадне и ќе исчезне во текот на наредните неколку децении. Новите детали треба да им помогнат на научниците да идентификуваат подводни животински видови, а на археолозите подобро да го документираат степенот на распаѓање и пропаѓање.

- Advertisement -

Компанијата Expeditions веќе ги отвори пријавите за својата експедиција наредната година, која почнува од Њуфаундленд.

(N1)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -